Шампињоните исечете ги на тенки ливчиња. Компирите излупете ги и исечете ги на плочки, а морковот ситно исецкајте го.
Ставете ги во тенџере, додајте ги зачините, маслото, водата и ставете ги да варат околу 20 минути додека омекне зеленчукот. Потоа испасирајте го со блендер.
Чорбата вратете ја на огнот да повари уште 2-3 минути и послужете ја топла со потпечен леб и салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани