Дониа сникерс торта
Основа
Алвата на Дониа се дроби во еден сад и заедно со сите други состојки се топи на огин. Веднаш штом се соединат состојките се става на дното на калапот за чизкејк на Делимано (пречник 20 см). Се остава да се лади, а во меѓувреме се подготвува наредниот слој на оваа мини тортичка.
Прв слој
Слатката павлака и чоколадото се ставаат во сад на пареа да се растопат и соединат. Се истура ганажот врз основата од алва, се посипува со мелени кикиритки озгора и се остава да се лади.
Втор слој
Жолчките се матат со шеќерот и брашното и се ставаат да се сварат на пареа. На крај им се додава чоколадото да се растопи убаво. Се трга од огин, се додава путерот и се убаво се соединува. Се остава да се лади филот. На ладниот фил се додава слатката павлака и се мати со миксер за убаво да се соединат. И овој слој се премачкува врз првиот на тортичката и се остава да се лади.
Трет слој
Слатката павлака и чоколадата се топат на пареа. Се истура и овој ганаж врз вториот слој на тортичката, се попрскува со мелени кикиритки и се остава неколку часа во фрижидер убаво да се стегне тортата пред служење.