Испечати

Дониа сникерс торта

Дониа сникерс торта

Состојки

  • За основата
  • 200 гр Дониа црна алва
  • 100 мл млеко
  • 30 гр путер
  • 30 гр кикиритки печени несолени
  • 50 гр мелени бисквити
  • За прв слој-ганаж
  • 200 мл слата павлака
  • 200 гр црно чоколадо
  • 50 гр кикиритки печени несолени
  • За втор слој-чоколаден фил
  • 3 жолчки
  • 60 гр шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 ванила
  • 50 гр црно чоколадо
  • 50 гр путер
  • 70 мл слатка павлака
  • За трет слој- ганаж со кикиритки
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр млечно чоколадо
  • 200 мл слатка павлака
  • 70 гр кикиритки печени и несолени

Подготовка

Основа
Алвата на Дониа се дроби во еден сад и заедно со сите други состојки се топи на огин. Веднаш штом се соединат состојките се става на дното на калапот за чизкејк на Делимано (пречник 20 см). Се остава да се лади, а во меѓувреме се подготвува наредниот слој на оваа мини тортичка.

Прв слој
Слатката павлака и чоколадото се ставаат во сад на пареа да се растопат и соединат. Се истура ганажот врз основата од алва, се посипува со мелени кикиритки озгора и се остава да се лади.

Втор слој
Жолчките се матат со шеќерот и брашното и се ставаат да се сварат на пареа. На крај им се додава чоколадото да се растопи убаво. Се трга од огин, се додава путерот и се убаво се соединува. Се остава да се лади филот. На ладниот фил се додава слатката павлака и се мати со миксер за убаво да се соединат. И овој слој се премачкува врз првиот на тортичката и се остава да се лади.

Трет слој
Слатката павлака и чоколадата се топат на пареа. Се истура и овој ганаж врз вториот слој на тортичката, се попрскува со мелени кикиритки и се остава неколку часа во фрижидер убаво да се стегне тортата пред служење.