5
мај
2012
Домашно рафаело
Од млекото одземаме неколку лажици и со нив го раствораме густинот, а остатокот од млекото заедно со шеќерот го ставаме на оган да се вари, пред да зоврие млекото го додаваме растворениот густин и мешаме со лажица дури не се згусти па го тргаме од оган.
Во друг сад го матиме маргаринот со шеќерот во прав, кога ке се соединат додаваме и 100гр. кокос и повторно матиме.
Оладеното млеко го матиме заедно со маргаринот па го ставаме да отстои во фрижидер 1 час да се олади.
Оладената смеса ја вадиме од фрижидер и од неа правиме бомбици и во средината на секоја бомбица ставаме по еден цел лешник и ги валкаме во кокос.
Лиценца: Сите права се задржани