Домашно манчмалоу
Превкусно домашно мачмалоу, со идентичен вкус на оригиналот. Излегуваат многу парчиња, не е тешко да се направи, но одзема повеќе време. Најубави се наредниот ден за јадење.
Се меша брашното со какаото, пецивото, солта, се додава маргаринот исецкан на коцки и се меси ровко тесто. Откако маргаринот ќе омекне, се додаваат јајцата и се меси мазно тесто. Се витка во фолија и се става во фрижидер најмалку 1 час. Потоа на набрашнета површина се сучи тенка кора и со тркалезен калап се вадат мали кругчиња, се боцкаат со вилушка и се редат на плех обложен со мрсна хартија. Се печат 10мин на 180 степени.
Се оставаат убаво да се изладат
Пена: Се кисни желатинот во 4 лажици ладна вода. На страна водата, шеќерот, ванилата и медот се ставаат да зовријат. Откако ќе зовријат се намалува и се оставаат да вријат околу 5мин. Се тргаат на страна и се додава желатинот. Се меша убаво да се стопи желатинот. Се матат 4 белки додека не се добие цврст снег и потоа малку по малку матејки се додава сирупот. Откако ќе се додаде целиот сируп се мати уште 10тина минути додека не се добие цврст шлаг. Со помош на шприц со тркалезен отвор над кексите се става од пената, на тој начин што шприцот да е поблиску до кексите за убаво мазно да се разнесе пената. Се остава 2 часа убаво да се зацврсти пената. Се топи на пареа чоколадото со маслото се става во помал плиток сад, секое од манчмалоуто се става во чоколадото и се става да се цеди на решетка.
Од оваа доза излегуваат околу 100 парчиња манчмалоу.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
магија :)
и не се исти рецептите, има повеќе разлики, не броев до 10, ама не се исти :)
Еве ти една работна...
Поздрав:)
a keksot e mek posto e so pecivo, taka?