30
јан
2016
Домашно засладено кондензирано млеко(начин 1)
Лилјана веќе има поставено рецепт за домашно кондензирано млеко еве и од мене еден рецепт побавен, но поевтин.
Се стават млекото и шеќерот на оган додека не зоврие. Откако ќе зовријат се намалува (од 6ка кај мене го оставив на 2ка) повремено мешајки и се остава 2 часа или додека не се згустне и не се преполови количината. Се трга на страна и се додава прстофат сода бикарбона и 1 лажица путер (по желба) Се складира во теличка и се чува во фрижидер. Од оваа доза излегува 500мл кондензирано мелко
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови