Ги сакаме разните вкусови на кафе, па затоа дома направивме колекција од кафемати. Пробај едно,па експериментирај друго...
Ова е едно интересно кафе, навидум обично, но сирупот кој го додаваме му даде нота на свежина,на блажина.
Ако користите апарат, тогаш ставете го типсот во апарат и пуштете незагреана вода во чаша каде претходно сте ставиле млеко, мраз и сируп. Не мешаме ништо, само ќе се направи на слоеви,на делови нијансирано.
Ако сакате да го сетите вистинскиот вкус промешајте. Може да декорирате со чоколада во прав или какао.
На здравје

Еве ќе ставам една табела колку мл сируп оди на кое кафе.
за 50 мл. еспресо- 5мл.
за 100 до 180 мл.американо-10 мл.
за 200-250 мл.капучино- 10 до 15 мл.
за 250 до 340 мл латте-20 мл
за коктели со кафе или горчливо кафе на 350 мл ставете 20 до 25 мл сируп.
( не претерувајте со сирупот знае да здебели )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови