Домашно гиро
1. Месото се сече на тенки долгнавести парчиња. Се зачинува со мешан зачин и мелен црн пипер. Се промешува и се остава да ги впие зачините.
2. Квасецот го ставаме во 250 мл млака вода, се размешува, па се додаваат брашното и шеќерот. Се меси и се остава да стасува 30 минути.
3. Во намрсена тава се пржи месото.
4. Мајонезот и павлаката се матат заедно. Доматите се сече на кругови.
5. Тестото се размесува формирајќи 10 еднакви дела. Секој дел се прави во топче и со сукалка се развлекува кора. Корите ги пржиме од двете страни во загреано масло.
6. Со филот ја премачкуваме кората, врз неа се става парче зелена салата,два круга домат и парчиња месо. Филованата кора ја виткаме во форма на корнет, формирајќи го гирото.
Лиценца: Сите права се задржани