Многу личен, вкусен, кревок, не мрсен појадок беа овие виткани мекици.
Пробајте ги.

1. Во топло млеко ставаме квасец, шеќер, брашно, промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, јајце, кисела вода, кисело млеко, масло и убаво со вилушка ја соединуваме цела смеса.
3. Сега постепено додаваме брашно и замесуваме тесто.
4. Го покриваме и го оставаме да се дуплира.
5. Го премесуваме уште еднаш и оставаме пак да нарасне.
6. Сега сучиме тесна, долга, правоаголна кора. Ја сечеме на подебели ленти.
Секоја лента во средината ја засекуваме. По еднаш или двапати ги завртуваме краевите.
7. Вака подготвени, мекиците, ги редиме на чиста кујнска крпа. Ги покриваме.
8. Во сад загреваме масло на умерен оган. За тоа време тие пак ќе стасуваат.
9. Ги пржиме на умерен оган од двете страни да заруменат, а при тоа сами ќе си формираат бел венец.
10. Ги редиме на хартиена салфетка.

Сервираме топли со сирење и чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани