Во сад се става лебот исечен на коцки и се полева со млекото.
Кромидот ситно се сецка и се додава во свинското и телешкото мелено месо. Во нив се додава исцедениот леб од млекото, сол, бибер и зачини по вкус и јајцето и се меша добро.
Потоа се формираат плескавички и се валкаат во брашно.
Така подготвени се ставаат во загреано масло и се пржат од двете страни додека да заруменат и да добијат кафеава боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови