Домашни плескавички
Состојки
- 250 гр свинско мелено месо
- 250 гр телеко мелено месош
- 125 гр бел леб
- 1 кромид
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка зачин , бибер
Подготовка
Во сад се става лебот исечен на коцки и се полева со млекото.
Кромидот ситно се сецка и се додава во свинското и телешкото мелено месо. Во нив се додава исцедениот леб од млекото, сол, бибер и зачини по вкус и јајцето и се меша добро.
Потоа се формираат плескавички и се валкаат во брашно.
Така подготвени се ставаат во загреано масло и се пржат од двете страни додека да заруменат и да добијат кафеава боја.