Домашен сос ос домати и пиперки
Додека живеев во Македонија имав премногу пипеки во бавчата и приготвував многу зимници.
Сега приготвувам пак по нешто,но ни приближно не е тоа што беше, во помали количини и дома во шпоретот.
Нема ќумбе повеќе )))))
Еве еден убав рецепт,барем за наш вкус одличен.
Во зависност од тоа дали доматите се посочни или помесести, сосот може да е погуст или потечен.
Еве ја постапката
Доматите добро сомелете ги заедно со целерот.
Во сад на оган помешајте ги оцетот и маслото па загрејте ги.
Додајте ги сомелените домати и целер.
Оставете нека се вари на тивко, но повремено мешајте.
Нека вари околу 30минути.
*јас ги оставив 45минути.
Измијте ги пиперките и извадете им го семето.
Настрана во сецко, исецкајте ги на ситно пиперките и кромидот,лукот и феферонките.
(помешајте црвени и зелени пиперки )
Додадете ја меленава смеса во доматите на оган и оставете уште 40минути да се вари заедно.
Пред крајот додајте ја солта, магдоносот и копарот.
Оставете уште неколку минути да прокрчка и тргнете од оган.
Теглите ги стерилизираме 5 минути на 100 степени.
Ги полниме жешки и веднаш ги затвараме со капачињата.
Ги превртуваме наопаку да немаат воздух и ги покриваме со крпа.
Оставаме така додека не оладат убаво.
Редиме на рафтовите.Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови