Наједноствен домашен сок од домати
Немањето време за саглам спремање ме прави многу инвентивна. Просто самата себе си се изненадувам какви глупости ми текнуваат, а уште повеќе се изненадувам кога супер ќе испадне =))
Минатата година сокот го спремав со миксер, ги фрлав патлиџаните сосе лушпа во миксерот и мелев долго. Ни лушпа не остана, а супер беше сокот. Годинава миксерот рокна, па морав да ги рендам патлиџаните на ренде.
Количината на патлиџани е ставена од око, бидејки мерките се за тенцере од окулу 5 литри во кое се вари сокот.
Патлиџаните исечете ги на половина, изрендајте ги на ситната страна од рендето. Лушпите се тврди и рендето не ги уништува, па само пасирана смеса ќе остане во тенџерето. Додадете го шеќерот и солта и убаво измешајте.
Испасираниот патлиџан се вари додека не испари вишокот течност. Ќе заприметите како на почетоткот вода избива на површината, кога таа вода ќе испари, сокот се спремен за пакување.
Јас кога сум сама дома го пакувам во тегли, а кога е дома Шеќерко, го пакуваме во стаклени шишиња, бидејки тој е посилниот, па ги затвара шишињата. Поделба на трудот =))
Теглите и шишињата пред полнење треба да стојат во рерна на окулу 50 степени или ако правите на ќумбе, веднаш до ќумбето. Пожелно е да се топли, за кога ќе сипате врела смеса во нив, да не прснат.
Од како ќе се наполнат теглите или шишињата се сипа малку масло (може и маслиново) на врвот, за да биде како *двоен капак* при затварањето. Се затвараат убаво и се враќаат теглите во рерната, рерната се затвара и се оставаат полека да се ладат.
Се чуваат на ладно, темно место наречено подрум =))
Спремни сме за зима =)
Лиценца: Сите права се задржани
najsigurna podgotovka samo kaj mene so poveke seker.Godinava pak napraviv ama kvalitetot na domatite ne bese bas po moj vkus i staviv i celer i lovor.
ние сега правевме еден кечап од тефтерот на мајка ми, ќе го ставам кога ќе имаме време. убав е, со пиперки и што ти јас знам. машинка за кечап немаме, не ни требала, не ни пречат семките :)
кате, марија, фала :)
дани, тоа е тоа :) финеси и вкусови се во прашање, а и желба за екпериметирање. по рецептов што го поставив, лани го правевме, ни се допадна и годинава пак :)