30
јун
2014
Домашен сладолед со суво овошје и јатки
Се матат жолчките со шеќерот се додека да се растопи шеќерот.
Во друг сад се мати слатката павлака и потоа во неа се додаваат изматените жолчки.
Лешниците, индискиот орев, фстакот, папајата и чоколадите се сецкаат (брусницата не мора) и тие се додаваат во слатката павлака.
Сето тоа добро се промешува и се става во правоаголен калап обложен со проѕирна фолија.
Се става во замрзнувач повеќе од 5 часа за да се стегне.
Кога ќе биде замрзнат се вади од калапот и одозгора се декорира со растопено чоколадо и со по некое парче лешник.
Лиценца: Сите права се задржани