Домашен сладолед со суво овошје и јатки
Состојки
- 4 жолчки
- 75 гр. шеќер
- 500 мл. слатка павлака
- 200 гр. мешавина од лешници, индиски ореви и фстак
- 100 гр. мешавина од брусница и папаја
- 50 гр. бело чоколадо
- 50 гр. млечно чоколадо
- 50 гр. чоколада за декор
Подготовка
Се матат жолчките со шеќерот се додека да се растопи шеќерот.
Во друг сад се мати слатката павлака и потоа во неа се додаваат изматените жолчки.
Лешниците, индискиот орев, фстакот, папајата и чоколадите се сецкаат (брусницата не мора) и тие се додаваат во слатката павлака.
Сето тоа добро се промешува и се става во правоаголен калап обложен со проѕирна фолија.
Се става во замрзнувач повеќе од 5 часа за да се стегне.
Кога ќе биде замрзнат се вади од калапот и одозгора се декорира со растопено чоколадо и со по некое парче лешник.