
Домашен р,жан леб со мед
Убав.. со мека кора, нежна структура
- Растворете го квасецот во млаката вода, додадете останатите состојки и замесете го тестото. Ќе добиете меко лепливо тесто. Оставете го да стаса.
- размесете на побрашнета површина и направете форми кои вие сакате, пак нека стаса и печете на 200 степени претходно загреана рерна.
Напомена
- излегува едно пристојно мало лепче.
- сега веќе имате и готова мешавина на р,жано брашно за леб, па едноставно само одмерете ја количината и замесете со останатите состојки.
- пишува 2 лажици зејтин, јас вообичаено оставам една количина од зејтинот за после кога го размесувам - да не ми се лепи толку за рацете и полесно го формирам.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани