Домашен рецепт за гранола бар со брусница и бадем (веган, без печење)
Ако Ви е потребна доза на енергија во текот на постот која ќе ве разбуди и размрда, оваа енергетска гранола бар е вистински избор!
Прво ќе ги подготвиме урмите. Можете да ги оставите во ладна вода околу 8 саати да омекнат, но може и да ги ставете во врела вода околу 3 до 5 мин. Ставете ги во Нутрибулет и направете ги како пире. Може да додадете и од водата каде што стоеле.
Ставете го пирето во сад на оган, додадете го путерот (може да користите било каков путер од јатки) и кокосовото масло и измешајте добро околу 1 мин.
Во друг сад добро измешајте ги овесните снегулки, лененото семе, сончоглед лупен и пола од сувата брусница сите од Натура, циметот и пола од бадемите и измешајте ги со предходно подготвената смеса, мешајте со раце или шпатула, ставете ја во тава и притиснете за да ја израмнете од сите страни, да нема воздух.
Врз вака подготвената смеса дотурете ги останатите бадеми и брусница, ставете ја во фрижидер да се стегне 1 час, но најдобро е преку ноќ.
Пресечете со остар нож, со големина по ваша желба. Уживајте
Забелешка
Може да го користите и миксот од суво овошје на Натура, содржи и брусница како и друго овошје.
Мене комбинацијата само со брусница и бадем ми е одлична.
Доколку не сакате веган може да користите и мед.
Може да користите било како путер од јатки, јас користев путер од бадем и кокос.
Ова е здрав рецепт не користи шеќер, веган, одличен доручек за посните денови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови