Извонредно вкусен колач што ќе ве воодушеви.

Подготовка

Во тенџере на оган ставете ги бадемовото млеко, путерот и шеќерот. Штом ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган.

Додадете мелени бисквити, какао и мелени бадеми.Промешајте убаво.

Чоколадото со парченца од бадеми и вишни растопете го и додадете го во смесата и пак промешајте.

Смесата ставете ја во тавче и оставете го колачот да стегни, па послужете.

Колачот декорирајте го со сецкани бадеми и вишни

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани