Испечати

Бадем колач за 10 минути (без печење)

Бадем колач за 10 минути (без печење)

Состојки

  • 200 мл бадемово млеко
  • 100 гр путер
  • 7 лажици шеќер
  • 400 гр бисквити
  • 220 гр чоколадо со бадеми и вишни
  • 4 кафени лажици какао
  • 3 лажици мелени бадеми

Подготовка

Извонредно вкусен колач што ќе ве воодушеви.

Подготовка

Во тенџере на оган ставете ги бадемовото млеко, путерот и шеќерот. Штом ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган.

Додадете мелени бисквити, какао и мелени бадеми.Промешајте убаво.

Чоколадото со парченца од бадеми и вишни растопете го и додадете го во смесата и пак промешајте.

Смесата ставете ја во тавче и оставете го колачот да стегни, па послужете.

Колачот декорирајте го со сецкани бадеми и вишни

На здравје!