Динстано месо во црвено вино
Едноставен начин на подготовка на месото, но секогаш вкусно и сочно. Месото го миеме и го сушиме со кујнска хартија (уште подобро е ако го зачиниме еден ден пред подготовка). Посолуваме, ставаме бибер и можеме да употребиме истолчен лук за да го истриеме добро месото. Кромидот и морковите ги сечкаме и ги пропржуваме во загреано масло. Додаваме една лажица брашно ( додека добие златно жолта боја). Додаваме суво црвено вино, вода, ловоров лист...
Во загреано масло на висока температура го пржиме месото кратко од сите страни и потоа го додаваме во сосот. Вариме на тивок оган еден час и половина, со затворен капак. После пола сат само еднаш го превртуваме месото од другата страна.
Може исто да се користи и готов сос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови