Див лосос на жар
Прво убаво го миеме и чистиме лососот.
Го сечиме на парчиња, од прилика дебели по 2 цм.
Парчињата ги редиме во тепсија.
Секое парче го насолуваме со морска сол.
Покапуваме лимонов сок и маслиново масло.
Тепсијата ја покриваме со алуминиумска фолија и остаавме во фрижидер лососот да се маринира од 6-12 часа.
Редот понатаму е обврска на мојот сопруг.
Печеше на скара на жар, на умерен, никако јак оган.
Рибата ја постави во решетка за печење риба, ја печеше кратко од едната страна, а при тоа полеваше со маринадата од тепсијата.
Така печеше додека на средината на парчињата не се створи бела линија, односно, беше до половина испечен.
Ја заврти решетката, повторно прелеа со маринада и ја допече рибата.
Лососот беше исклучително сочен и вкусен.
За оние кои сакаат лук, направив и дип од лук, маслиново масло, лимон, магдонос
Уживавме во фамилијарниот ручек и залеавме со бело, мускатно вино
А дополнително подготвив и од пидето, кое беше врв на и така прекрасниот ручек.
рецепт има тука
Лиценца: Сите права се задржани
Го давам бе Гоцо, експерт е за риба и скара
Прекрасен тандем сме, тој голем гурман, јас голем готвач....
погледни го и овој рецепт
Лаврак
https://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B0%D1%80
Toj e vo izgubenite recepti
podgotovkata e skoro ista