Прво зајакот убаво го вариме.
Зеленчукот го сецкаме на кругови. Го ставаме зеленчукот и зајакот заедно во тава за печење. Посолуваме ставаме зачини и го полеваме зајакот со масло и 1 шоља за кафе бело вино и околу 200 гр вода. Оставаме да се пече се додека водата не испари. Не мора на јака температура бидејќи претходно е варен, се пече отприлика колку зеленчукот да омекне убаво.
(Ова е инаку тоа што остана од зајчето што успеав да го сликам....хахаха )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови