Ова е нов начин на кој ја подготвувам традиционалната кашичка на баба бидејки сакам да избегнам запршка.
Месото го варам и го процедувам за да биде чисто од ситни ковчиња, потоа го чистам од коска и ситно го сецкам. Додавам компир цел (за пасирање) и еден поголем сецкан, морков и останатите зеленчуци. Откако ќе се сварат во една чаша ладна вода мешам две/три големи лажици брашно и една црвен пипер. Ги додавам во тенџерето и намалувам на тивко да крчка уште 5 минути...додававам нане, магдонос и бибер...понекогаш и толчена сол.

Совет
Кога варите месо особено од дивеч, солта се додава откако ќе се свари месото за да биде растресито, кај мешунките и џигер може на почеток за да останат цели.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови