Испечати

Чорба со месо од зајак

Чорба со месо од зајак

Состојки

  • 2 поголеми компира
  • 1 бутче од зајак или друго месо со коска
  • 1 главица лук
  • 1 кромид, пиперка, патлиџан, морков
  • 2 лажици пченкарно брашно, една црвен пипер
  • 1 лажичка сол, бибер, толчена сол

Подготовка

Ова е нов начин на кој ја подготвувам традиционалната кашичка на баба бидејки сакам да избегнам запршка.
Месото го варам и го процедувам за да биде чисто од ситни ковчиња, потоа го чистам од коска и ситно го сецкам. Додавам компир цел (за пасирање) и еден поголем сецкан, морков и останатите зеленчуци. Откако ќе се сварат во една чаша ладна вода мешам две/три големи лажици брашно и една црвен пипер. Ги додавам во тенџерето и намалувам на тивко да крчка уште 5 минути...додававам нане, магдонос и бибер...понекогаш и толчена сол.

Совет
Кога варите месо особено од дивеч, солта се додава откако ќе се свари месото за да биде растресито, кај мешунките и џигер може на почеток за да останат цели.