Десерт со пудинг и желе со малини
200 мл млеко ставете да зоврие, во другите 200 мл. млеко ставете пудинг од ванила и 4 лажици шеќер, измешајте. Истурете во врелото млеко и мешајте додека не загусне.
Подоцна, од како ќе ја завршите постапката со пудингот од ванила и чашите, на истиот начин направете го и пудингот од јагода.
Во чаша ставете прво пудинг од ванила, наведнете ја чашата и ставете во фрижидер да се стегне. После ставете пудинг од јагода наведнете ја чашата на другата страна и ставете во фрижидер да се стегне.
Желатин растворете во 50 мл вода.
Во тенџере ставете 250 мл вода да зоврие, истурете во нејзе желатин, ставете 3 лажици шеќер и малини.
Над пудинзите ставете желе со малини. Ставете во фрижидер да се стегне.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани