Крцкав летен десерт, особено вкусен поради составот и комбинацијата на слатко од чоколадото, мирисен од дињата, а освежителен од малините.

Подготовка
1. Исчистената диња ја ставаме во еден сад и ја блендираме.
2. Ги додаваме мелените лешници и белиот крем. Ги соединуваме со лажица. Смесата ја ставаме во фрижидер да се излади.
3. Во чашите на дното ставаме сечкани лешници, чоколадни капки.
4. Врз нив ставаме малини кои ги залеваме со по 1 лажица кондензирано млеко. Сето ова го залеваме со кремот од диња.
5. Врз него ставаме диња сечкана на ситни парчиња, редиме малини, ги прелеваме со кондензирано млеко, декоративно.
6. За украсување ставаме и чоколадни капки и ливчиња нане.

Забелешка
Состојкиве за овој десерт се доволни за две чаши од по 330 мл. Лешниците може и да ги потпечете кратко колку да пуштат мирис, ама изладете ги пред да ги користите во десертот.