Испечати

Крцкав десерт со малини и диња

Крцкав десерт со малини и диња

Состојки

  • За кремастиот дел
  • 120 гр диња
  • 50 гр мелени лешници
  • 2 лажици бел крем
  • Останати состојки
  • 50 гр сечкани лешници
  • 150 гр малини
  • 2-3 лажици кондензирано млеко
  • 100 гр диња
  • 40 гр чоколадни капки
  • За украсување
  • Ливчиња нане малини, чоколадни капки

Подготовка

Крцкав летен десерт, особено вкусен поради составот и комбинацијата на слатко од чоколадото, мирисен од дињата, а освежителен од малините.

Подготовка
1. Исчистената диња ја ставаме во еден сад и ја блендираме.
2. Ги додаваме мелените лешници и белиот крем. Ги соединуваме со лажица. Смесата ја ставаме во фрижидер да се излади.
3. Во чашите на дното ставаме сечкани лешници, чоколадни капки.
4. Врз нив ставаме малини кои ги залеваме со по 1 лажица кондензирано млеко. Сето ова го залеваме со кремот од диња.
5. Врз него ставаме диња сечкана на ситни парчиња, редиме малини, ги прелеваме со кондензирано млеко, декоративно.
6. За украсување ставаме и чоколадни капки и ливчиња нане.

Забелешка
Состојкиве за овој десерт се доволни за две чаши од по 330 мл. Лешниците може и да ги потпечете кратко колку да пуштат мирис, ама изладете ги пред да ги користите во десертот.