14
мај
2021
Десерт во чаша со ванила, банана и печени костени
Подготовка
1. Во тенџере ставаме млеко, шеќер, пудинг и вариме до згуснување. Повремено промешуваме, да не фати коричка. Ја додаваме пасираната банана на која ставаме неколку капки лимон. .
2. На дното на секоја чаша ставаме од чоколадните, мелени бисквити , кои се соединети со путер.
Врз нив го нанесуваме ванила, банана кремот. Посипуваме со мелени, печени костени. Оставаме во фрижидер да се излади.
По желба додаваме и топка сладолед и послужуваме.
Забелешка
Јас во моментот имав печени костени, па нив ги искористив.
Може да се користи бадем, лешник, орев, фстак....
Лиценца: Сите права се задржани
Брзо и слатко задоволство беше