Испечати

Десерт во чаша со ванила, банана и печени костени

Десерт во чаша со ванила, банана и печени костени

Состојки

  • 180гр чоколадни кекси
  • 60-70гр путер
  • 300гр млеко
  • 2.3лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 поголема банана
  • 1лажиче сок од лимон
  • 120гр печени и мелени костени, ги ситнев во нутрибулет

Подготовка

Подготовка

1. Во тенџере ставаме млеко, шеќер, пудинг и вариме до згуснување. Повремено промешуваме, да не фати коричка. Ја додаваме пасираната банана на која ставаме неколку капки лимон. .
2. На дното на секоја чаша ставаме од чоколадните, мелени бисквити , кои се соединети со путер.
Врз нив го нанесуваме ванила, банана кремот. Посипуваме со мелени, печени костени. Оставаме во фрижидер да се излади.
По желба додаваме и топка сладолед и послужуваме.

Забелешка
Јас во моментот имав печени костени, па нив ги искористив.
Може да се користи бадем, лешник, орев, фстак....