Делициа торта со малини
Подготовка
Белките започнуваме да ги матиме со прстофат сол, да почнат да побелуваат. Постепено го додаваме шеќерот и продолжуваме со матење додека да ни се направи густа бела смеса. Ги додаваме мелените бадеми и густинот и соединуваме со шпатула или внимателно на најспората брзина на миксерот. Во тавче бр.22 намрсено и набрашнето, истураме половина од смесата и печеме во загреана рерна на 160 степени , 20 минути. Потоа ја печеме и другата кора. Оставаме да се ладат. За ганашот ја загреваме слатката павлака до вриење па во неа ги ставаме чоколадите на коцки да се растопат. Соединуваме и оставаме да излади на собна температура до густина како крем, за да може да го распоредиме на корите.Редиме кора ганаш кора ганаш. Малините ги блендираме и ги поминуваме низ сито за да им ги отстраниме семчињата. Желатинот го ставаме во 80 мл вода, нека набабри, па ќе го ставиме кратко на рингла за да се растопи. Пирето од малини го ставаме со шеќерот да врие околу 3-5 минути, го тргаме на страна и му го додаваме желатинот, промешуваме. Оставаме да се лади, ама не сосема да се желира.Слатката павлака ја матиме заедно со крем сирењето, да се волуменизира, па го додаваме желето од малини. Промешуваме со шпатула или со миксер.Треба да ставиме обрач околу тортата кој ќе го фиксира страничниот слој. Најдобро е да имате обрач од калап кој е поголем од тортата која ја правите. Почекајте барем малку да с есе стегне филот од малини и истурете го насекаде и околу тортата во обрач. Делот помеѓу страниците на обрачот и тортата може да ги пополните со шприц.
Забелешка
Користев бадеми во лушпа непечени. Може да користите и други јаткасти плодови, а може ако ви се бадеми да бидат и без лушпа, бланширани. Така корите ќе ви бидат побели.Можете прво една доза со три белки да направите за корите или вака како јас , да ја делите дозата, ваш си е изборот.Ако немате обрач за да ги пополните старничните делови од тортата, импровизирајте, најдете цврта пластична подлога на пр. од оние што ги користиме за на маса и свиткајте ја околу тортата, фиксирајте ја со лепак или захефтајте. Ако едноставно не сакате да ги пополнувате страничните делови, само истурете ја смесата врз тортата акористете го истиот обрач во кој сте ги печеле корите. Сметајте дека вака ќе ви излезе повисочка тортата. Малините ми беа смрзнати па додека ги блендирав во Нутрибулит им додадов вода, потоа целата смеса ја ставив заедно со шеќерот да врие околу 5 минути.