Декоративно пециво со виршли
Интересно декоративно пециво.
Се замесува тестото и се остава да стаса на топло. Стасаното тесто се дели на 4 дела. Се зема една топка и се дели на помали топчиња. Се зема едно топче се расукува во круг, се расекува како цвет и на секое делче се става по едно парченце виршла. Се замотува виршлата со тестото како на сликата, се спојуваат сите делови навнатре и се редат во калап за мафини. Јас сите 4 дела тесто ги направив различно, па излегоа секакви кифлички.
Ееден дел го исукав во кора на едниот крај ставив цели виршли и замотав ролат, ролатот го исеков на парчиња кои ги наредив исто така во калап за мафини.
Се печат на 180-200 зависи од шпоретот, да заруменат околу 20 минути.
Многу се меки,вкусни а и многи декоративни
Лиценца: Сите права се задржани