Најпрво се става квасецот во млекото со малку брашно и шеќерот да втаса.
Потоа се додаваат останатите состојки и се замесува средно тесто.
Се остава да кисни 20 минути.
Се дели на 3 топки.
Секоја топка се расукува во правоаголна кора.
Се премачкува со маргарин.
Виршлите се сечат на парчиња долги по 3 цм одприлика и секое парче виршла се завиткува во лента кашкавал.
Сега вака спремените виршли се ставаат ( јас ставав по 4 парчиња) на почетокот на кората со растојание меѓу нив.
Се завиткува кората како ролатче и се сечи.
Сега се сечат парчиња со должина од 5-6 сц, така што виршлата ќе биде во средината.
Се редат во плех.
Се премачкуваат со изматено јајце, се солат со сусам, киснат 15 минути и се печат.
Многу вкусни пецива кои може да се комбинираат и со кечап и сенф како додаток и чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани