
27
дек
2019
Гурабии со ореви
Многу вусни и мирисни гурабии кои ги правам секогаш за Нова Година. Некогаш ставам и толчени ореви, па може да ги пробате и така. Место бренди можете да ставите малку узо.
Од сите состојки се замесува тврдо тесто.
Се формираат потковици и се ставаат во плех обложен со хартија за печење.
Се печат околу десетина минути на 190 степени. Треба да останат бели.
Печени и оладени гурабиите обилно се валкаат во шеќер во прав и се послужуваат.
Повкусни се да се јадат другиот ден.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови