Гурабии од гриз - рецепт од Народен кувар 1976
Екстремно лесни и брзи за подготовка, а вкус...милина :)
Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките убаво изматете ги рачно. Доколку сакате можете и со миксер. Во жолчките додадете го шеќерот, маста и убаво промешајте. На крај додадете го гризот.
Смесата ќе биде малку ровка.
Формирајте топчиња со големина на орев и редете ги на тавче на растојание до 4 см, ќе им треба простор да нараснат.
Печете ги на 200 степени 20ина мин додека да заруменат.
Додека се печат направете го шербетот. Водата и шеќерот нека зовријат убаво. Да се појави пена на врвот. Не меурчиња за вриење, пена. Ќе ви стане јасно кога ќе видите. Пената се појавува по подолго вриење.
Со топлиот шербет прелејте ги гурабиите и вратете ги во рерна додека да го впијат шербетот.
Преостанатите белки слободно замрзнете ги ако не ги користите веднаш. Замрзнати, па потоа одмрзнати се потполно исти како и свежи. Јас ги замрзнувам во пластични чашки и на чашката запишувам колку белки има во чашката. Можете да ги замрзнувате и во кесиња за замрзнување.
Лиценца: Сите права се задржани
за вкусни, ептен вкусни. не знам дека постои невкусно шербетличе, ама ова некако ровкичко, помеко ми личеше или едвај го дочекав да се направи :D :D :D :D
teofanija, Велики народни кувар :)