Испечати

Гурабии од гриз - рецепт од Народен кувар 1976

Гурабии од гриз - рецепт од Народен кувар 1976

Состојки

  • 5 жолчки
  • 250 гр гриз
  • 250 гр шеќер
  • 5 големи лажици растопена маст или путер
  • Шербет
  • 750гр шеќер
  • 750мл вода

Подготовка

Екстремно лесни и брзи за подготовка, а вкус...милина :)

Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките убаво изматете ги рачно. Доколку сакате можете и со миксер. Во жолчките додадете го шеќерот, маста и убаво промешајте. На крај додадете го гризот.
Смесата ќе биде малку ровка.
Формирајте топчиња со големина на орев и редете ги на тавче на растојание до 4 см, ќе им треба простор да нараснат.
Печете ги на 200 степени 20ина мин додека да заруменат.

Додека се печат направете го шербетот. Водата и шеќерот нека зовријат убаво. Да се појави пена на врвот. Не меурчиња за вриење, пена. Ќе ви стане јасно кога ќе видите. Пената се појавува по подолго вриење.
Со топлиот шербет прелејте ги гурабиите и вратете ги во рерна додека да го впијат шербетот.

Преостанатите белки слободно замрзнете ги ако не ги користите веднаш. Замрзнати, па потоа одмрзнати се потполно исти како и свежи. Јас ги замрзнувам во пластични чашки и на чашката запишувам колку белки има во чашката. Можете да ги замрзнувате и во кесиња за замрзнување.