Еве уште еден рецепт за прекрасни и многу вкусни слатки, ем гурабии ем ванилици. Веднаш по печењето се ровки, а по неколку дена уште повеќе, просто се топат во уста.

1. Маргаринот, салото и шеќерот во прав се матат со миксер додека се добие кремаста смеса, се додава јајцето, кората од лимонот или неколку капки арома по вкус.
2. Се додаваат потпечените и истолчени ореви или бадеми, јас тука ставив ореви.
3. Потоа се става пецивото и брашното, се меси со рака и се додава по потреба уште брашно да се добие мазно тесто. Јас ставив дополнително уште 100-тина грама брашно.
4. Се развлекува кора дебела 1 см или помалку и со модли се вадат форми или се прават топчиња.
5. Се печат на 150 степени околу 20 минути, се ладат и се валкаат во шеќер во прав. Се чуваат на собна температура (најдобро во незагреана просторија) и траат повеќе денови (зависно колку брзо ќе ги изедете).

Рецептот е на сопругата на колегата Зоран на која и се заблагодарувам за прекраснава слаткаристика.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани