Состојките за кората се за една кора. Значи треба 18 белки, за да се направат три посебни кори.

Подготовка:

1. Тортата се прави во округла тава бр26. Но, може и во плех како шнит.
2. Се матат белките заедно со шеќерот, до одредена цврстина. Се додава мелената плазма, оревите, брашното и пецивото. Се меша со шпатула и се става 1 лажица сок од лимон.
3. Се печи на 180С-25мин.
4. Се прават уште 2 бисквита.(Значи вкупно 3 теста)
КРЕМ1- 18 жолчки се матат со шеќерот. Се додава густинот и се вари со млекото. Се остава да се олади.
КРЕМ 2 -Се мати маргаринот и шеќерот пенесто и се додаваат мелените ореви и мелените бисквити. На крајот се ренда смрзнатиот портокал и тој се додава во филот. Двата фила се соединуваат и во него се додава рендано чоколадо.
Првата кора се попрскува, обилно, со сок од портокал. Врз него се додава третина од крем. Потоа се реди втората кора, па пак крем. Превкусна и богата торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани