- Измелете ги кикириките, путерот растопете го на тивок оган и оставете да олади. Сирењето изронете го.
- Во сад ставете ги двата вида на брашно, додадете го пецивото, мелените кикирики и измешајте. Потоа додадете го јајцето, семињата, сронетото сирење, оладениот путер и замесете го тестото. На работна површина убаво го измесете за да се сите состојки добро спојат.
- Од добиеното тесто расукајте кора и натаму како сакате печете и правете форми, Јас ги печев на тостерот за вафли, а може да сечете форми и печете во претходно загреана рерна. Можете да оформите мали топчиња, со модла за переци да вадете переци - значи останува на вас. Мене најлесно ми е да ги печам на тостер, не мора ниту да се сука кора, само направете топчиња, ставете на тостерот и стиснете, сами ќе се оформат.
- Можете да ставите и ленено семе.
- Кога ќе го месите тестото тоа е некомпактно - ронливо, но малку повеќе време месете и ќе добиете фино меко нелепливо тесто.
Сакам да кажам дека ова е одлична грицка - крекер, можете да ги чувате затворени во кутија и пак ќе останат крцкави. Одлични се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани