Состојки:
100 гр лешници
100 гр шеќер
50 гр маргарин
100 гр млечно чоколадо
50 гр суво грозје (ситно сецкано)
За чоколадните корпиња потребно е околу 200 гр црно чоколадо и околу 20 мали хартиени корпиња.

1. Најпрвин се припрема грилјажот, се топи шеќерот како карамел, му се додаваат лешниците и сето се тура во тајнир премачкан со масло. кога ќе се излади се иситнува воаван или се мели (може и во сецко). Се остава околу 50гр за украсување.
2. Останатиот грилјаж се меша со сувото грозе, маргаринот и растопеното чоколадо. се остава малку да излади за полесно обликување.
3.Корпиња од чоколадо
Чоколадото се топи на пареа и со помош на четка се премацкува внатрешната страна на корпињата. Откако ќе се здрви чоколадото се мачка со уште еден слој (хартиените корпиња на крајот се отстрануваат и останува корпе од чоколадо)
4. Од грилјаж смесата се прават бомбици и се ставаат во корпињата од чоколадо најдобро додека не се стегнал вториот слој чоколадо или може да се залепат додавајќи некоја капка чоколадо на дното од корпето.
5. Кога ќе се стегнат корпињата секоја бомбица се валка во грилјажот кој го оставивме за украсување.
6. На крај се отстрануваат хартиените корпиња.

Лиценца: Сите права се задржани