Грилувани кромид и печурки со горгонзола
На загреаната плотна премачкана со путер ставете да се печат најпрво издлабените свежи шампињони убаво од двете страни додека се печат во длабнатините ставете парчиња мека горгонзола во секоја од нив и оставете додека да се растопи малку. Тргнете ги на страна ставете го исечените на кругови. Печете од едната страна, да поруменат,не треба да се премногу препечени, па превртете ги да се печат од другата страна околу 5,6 минути. За тоа време во средината на секој круг кромид нанесете од горгонзолата и оставете ги уште малку на плотната за да се растопи. Сервирајте ги заедно со полнетите шампињони,нанесете на секое парче малку балзамико и соја сос и наросете сецкан свеж магдонос. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови