Одлична торта, обмислена за потребите по освежителна слаткотија, за еден убав славенички посен ден.

Подготовка на фил
Ставаме 400 мл од водата на оган да зоврие. Во сад мешаме шеќер, пудинг и густин во 100 мл вода, па кога водата ќе зоврие ја истураме смесата и постојано мешаме додека да згусне. Пудингот го оставаме да олади.
Ставаме 300 мл вода да зоврие заедно со 5-6 лажици шеќер.Го истураме гризот, го намалуваме огинот и мешаме додека да се згусне т.е.свари гризот. Го оставаме да олади и кога двете смеси ќе се изладат прво посебно ги мешаме убаво со миксер, па ги соединуваме.
Подготовка на тесто
Сите состојки ги промешуваме со лажица и во намрсено и набрашнето тавче бр. 26 ја истураме смесата, расплескуваме и печеме на 180 степени околу ½ час со постојан надзор по 25 минута, зависи од рерната. Кората откако ќе олади се дели на две половини.
Јагодите се сечкаат на половини по должина, а ако се многу ситни остануваат цели. Се потопуваат во рум некоја минута, па ги редиме на едната кора, а румот го рапоредуваме на втората кора.
Со тенок слој од филот ја мачкаме едната кора и ги распоредуваме јагодите. Повеќе од половина од филот го распоредуваме врз јагодите, фино размачкуваме, поклопуваме со кора и со остатокот од филот ја премачкуваме цела торта. Украсуваме по желба.

Забелешка
Можете да користите и некое посно млеко, мене не ми се најде при рака кога ја правев оваа торта. Шољата е од 150 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани