Гриз алва - основен рецепт (посно)
Оваа алва ја правеа мајка ми и баба ми кога бевме мали. Нема некој што ја јадел, а да не се воодушевил. Толку едноставно, толку лесно за подготовка, а толку вкусно.
Подготовката е лесна. Шољата што ќе ја одберете за мерка, нека биде истата што ќе ја користите за сите состојки. Не е важно колкава е шољата која сте ја одбрале, ако го следите рецептот. Јас најчесто користам шоља од 250мл, се добива количина на алава за која што е потребно тенџере од окулу 4 литри. Тенџерето нема да биде полно до горе, но ви треба простор за убаво да мешате.
Во теџерето сипете го маслото нека се загрее убаво. Дали е убаво загреано можете да проверите ако ставите прстофат гриз во маслото. Ако чрчори, спремно е.
Гризот убаво пржете го. Мешајте постојано. На почетокот нема да има големи промени, но до колку не мешате, многу лесно може да загори.
Кога ќе добие потемна боја, тргнете го на страна и по 2-3 мин внимателно почнете да ја додавате водата, шоља по шоља. Внимавајте прска!
Затоа велам, малку да се олади и внимателно додавање.
Убаво мешајте го гризот со водата, вратете на оган и додадете го шеќерот.
Мешајте додека не се згусне, да остава пат, во тенџерето (кога ќе мешате да останува разделен гризот)
Топлата смеса сипете ја во калапи по желба и оставете да се олади.
Може да стои во фрижидер без никаков проблеми и по 3-4 недеи, нема шанси да се расипе. Ќе внимавате да е убаво затворена, за да не се исуши.
Во врска со калапите, без оглед на тоа кој калап сте го одбрале, не се секирајте за вадење од калапот. Алвата е масна, не се лепи за ниедна површина. Сум го правела во силиконски калапи, во пластични големи, мали, а баба ми и мајка ми ја правеа во тавче.
Доколку немате калапи, можете слободно да ја натапкате во тавче, да ја оставите да се олади и да сечете коцки или баклави.
Мајка ми многу често правеше топчиња со алатката за сладолед и врз секое топче ставаше оревче.
Јас ви го дадов основниот рецепт. Може да се додава се што сакате по вкус. Сме ја правеле со мелени ореви - лудница, сме ја правеле со 3-4 реда чоколадо - супер, со кокос - исто супер, сме ја прелевале со чоколадо, сме додавале сок од еден лимон и 3-4 лажици мед....значи што ви сака душата можете да правите со алвата.
Пријатно јадење и уживање!
Лиценца: Сите права се задржани
фала ви мили другарчиња :)
љиљо, што е 1,2,3,4? :)
пак ми правиш финтици :) :) :) :)
Се загрева зејтинот, се додава гризот и се пржи до браонкаста боја, се додава шекерот и ванилата и уште малку се пржи целото ова заедно, тргнам настрана тенџерето и додадам циметот и оревчињата сецкани, ја додавам водата и варам до згуснување, тргам - местам во калапи или што ке ми притекне, може и целата да се стави во плекче и потоа да се сече, и тоа е...
албетина, ќе ме колнеш после дека ништо нема да те собира :) :) :) :)
теофанија, јас понекогаш ставам по еден два реда чоколадо за да се затемни. ноисет или некое по вкус и нема крај :)
Alvata e eden megu prvite recepti sto sum go postirala tuka ,
http://moirecepti.mk/post/%D0%B3%D1%80%D0%B8%D0%B7-%D0%B0%D0%BB%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE/
Navistina e ubava i sekogas pominuva kako BLAKCE vo kukata..
Najcesto i stvam cokolado vo nea.. oti bez cokoladno ne pominuva kaj mene...
Лудо ти благодарам за рецептот, совршена е, ме потсети на детството:)
Овој пат со ореви, ама верувам дека за време на постиве ќе се направи во сите комбинации:)
Ја правев навечер ама не можеа да чекат до сабајле за да ја сликам, маф се прави тоа се', па за то сликичкава ептен е никаква:)