Гриз алва
Водата се сипа во тенџере и во неа се додаваат, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот и се вари додека не проврие.
Во исто време на огин се става тавче со шољата зејтин. Кога зејтинот ќе се загрее се додава гризот да се пржи. Зејтинот треба да е врел, бидејки ако во ладен зејтин се стави гризот, нема да се пропржи, туку ќе впие зејтин и нема да биде вкусно. За да проверите дали е доволно топол зејтинот, ќе *посолите* малку гриз во тавчето со зејтин. Ако крчка, доволно е топол, ако нема реакција ќе треба уште да се загрева.
Гризот се пропржува со мешање додека не добие убава златеста боја. Внимавајте да не го прегорите бидејки ќе горчи алвата.
Штом гризот ја добие златестата боја се сипа во тенџерето со веќе зовриена вода. Ќе внимавате да не ве испрска кога сипате и продолжувате да мешате на тивко додека не згусне, скоро да се стврдне.
Се сипа во калап или ако немате калап, ја оставате во тенџере да се олади. Кога се лади, се стврдува дополнително, па после со лажица за сладолед може да вадите топчиња или со голема лажица да вадите овални формички.
Ја многу често додавам мелени и/или дробени ореви во смесата пред крај на варењето. За декорација често користам кокос, убав шмек има. Ако сакате да го смените малку вкусот можете да додадете ред-два чоколадо, можете чиста алва да ја прелеете со чоколадо и посипете кокос.....се што сакате можете да направите
Пријатно јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
употребив шољи од по 200мл :)
толку беше бендисана што имаше и крадење од дебелото раче :) :) :) :)
додека сум тука, сакам да им кажам на другарките дека сум супер. цело време ги читам, се лигавам ко теле пред монитор, ама не стигнувам постојано да им коментирам и да им кажам колку им се убави рецептите (а и да им промрчам за фотографиите) :) :) :) :)
еве и докази
И кај мене дома ја обожуваат :)