
Грета Гарбо торта
Далимано и Мои Рецепти, ви испраќам безброј насмевки и желби за вашиот роденден, секогаш да сте весели и успешни во она што го работите, со уште поголеми успеси и да сте здрави и живи уште долги години! Тортава е за вас!
 За тестото изматете ги белките во цврст снег постепено додавајќи го шеќерот.
 Постепено додавајте ги оревите и бисквитите, мешајќи рачно, а на крајот и лажицата масло.
 Тестото турете го во плех прекриен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени.
 Кога е испечено, извадете го од плехот, извадете ја хартијата и прелијте го со првиот фил. Чоколадото заедно со путерот стопете ги или во микро или на пареа.
 Премачкајте ја целата кора. Нека се излади и пресечете ја кората на три ленти, по должина.
 За вториот фил, одвојте малку од млекото, во него ставете ги жолчките и брашното и измешајте ги. Останатото млеко заедно со шеќерот и ванилата ставете го да зоврие. Турете го млекото со жолчките и цело време мешајте додека се направи крем. Кога ќе се олади измешајте го со избиениот путер.
 Филувајте ја тортата, а одозгора по желба може да ја премачкате со шлаг или да ја прелиете со чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови






















