Гратиниран компир
1. Компирот убаво измијте го и ставете го да се вари во тенџере со вода. Откако ќе проврие, варете го уште 4-5 минути за да биде сварен до пола. Исцедете го, оладете го со студена вода и излупете го. Потоа исечете го на тенки тркалца (може и со ренде со рамен нож) со дебелина од 3-4 мм.
2. Тавата подмачкајте ја со малку путер или масло (помала правоаголна или овална тава со димензии отприлика 20х30 см). Наредете го компирот косо, така да секој следен ред покрие пола од претходниот.
3. Изматете го јајцето со неутралната павлака, додатете го ситно исечканото лукче и зачините и прелијте ги преку компирите.
4. Печете во загреана рерна на 200°С околу 40 минути, а пред крај може да вклучите вентилатор или инфра-зраци за да се запече поубаво. Тавчето ставете го малку подоле од средината на рерната.
Се служи топло како прилог на месо, риба или со салата, а вкусно е и откако ќе се олади.
Лиценца: Сите права се задржани
Компирите се нивен омилен дел од храната...