Гратиниран карфиол
Во тава ставаме масло и го додаваме ситно сецканиот праз да се запржи.
Оставаме на страна
Карфилот го бланшираме, кратко, 1 минута во вода во која има додадено сол.
Го процедуваме и оставаме на страна.
Во касерола ставаме масло и путер.
Додаваме брашно и запржуваме.
Додаваме млеко и јогурт и постојано мешаме, на тивко до згуснување на сосот.
Додаваме сенф во зрно, сол, бибер, морско оревче.
Во керамички сад на дното го ставаме испржениот праз, врз него ги ставаме цветчињата карфиол, па сецканиот свеж спанаќ.
Прелеваме со бешамел сосот во кој сме ја додале и ренданата гауда.
Гратинираме, запекуваме во рерна околу 25 минути на 200 степени.
Расфрламе зрна калинка.
Сервираме топло.
Лиценца: Сите права се задржани
Ти благодарам
Пробај го, Билјана, се надевам ќе ти се допадне
Nie mnogu go sakame