Гратиниран карфиол
Состојки
- 1 страк праз
- , 2 л масло или 1 лажица свинска маст
- 1 китка карфиол, околу 300 гр
- 1 грст исчистен спанаќ
- Бешамел
- 1 лажица масло+ 1 л растопен путер
- 1лажица брашно
- 150мл млеко
- 100мл јогурт
- 70гр гауда
- 1лажиче сенф во зрно
- сол, бибер, морско оревче,
Подготовка
Во тава ставаме масло и го додаваме ситно сецканиот праз да се запржи.
Оставаме на страна
Карфилот го бланшираме, кратко, 1 минута во вода во која има додадено сол.
Го процедуваме и оставаме на страна.
Во касерола ставаме масло и путер.
Додаваме брашно и запржуваме.
Додаваме млеко и јогурт и постојано мешаме, на тивко до згуснување на сосот.
Додаваме сенф во зрно, сол, бибер, морско оревче.
Во керамички сад на дното го ставаме испржениот праз, врз него ги ставаме цветчињата карфиол, па сецканиот свеж спанаќ.
Прелеваме со бешамел сосот во кој сме ја додале и ренданата гауда.
Гратинираме, запекуваме во рерна околу 25 минути на 200 степени.
Расфрламе зрна калинка.
Сервираме топло.