- Сварете ги макароните не Ал-денте, туку малку потврди,
- Сварените макарони ставете да се исцедат, преместете во тавката во која ке ги потпечете.
- Измешајте ја павлаката за готвење со половина од киселата павлака.
- Во макароните истурете ја мешавината од павлаката и половина од насецканата сланина, додадете на вкус сол, биберот и власецот. Измешајте ги.
- Во сад сматете ги јајцата со останата половина од киселата павлака, залијте ги макарони, посипете одозгора останатиот дел од сецканата сланина и ставете во рерна да се потпече на 180 степени околу 20 мин.
- Додека се потпекуваат изрендајте го кашкавалот. Кога ќе бидат готови извадете ја тавката, посипете со кашкавалот, вратете во рерна и нека се уште 5 мин. во неа додека се стопи кашкавалот.
- Извадете и послужете. Одлично оди со зелена салата.
Напомена
- Јас ги правев со поситни макарони, така е подобро.
-Доколку немате власец одлично ќе се замени со млад кромид ситно сецкан.
-Внимавајте на солта бидејки кашкавалот е солен.
Уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани