Подготовка.
Измешајте го брашното(просеано) и солта, па цело време постепено мешајки со вилушка додавајте млака вода. Тестото префрлете го на набрашнета маса и месите додека не добиете еластично свиленкасто тесто.
Тестото поделете го во неколку кори со големина на средно голем плиток тањир. Секое тесто обложете го на намрсена површина и премачкајте ги повторно со зејтин. Оставете петнаесетина минути да одмори.
Во меѓувреме подгответе го филот.
Сирењето изрендајте го и разматете со трите јајца.
Секоја кора убаво развлечетеја на чаршав колку што може повеќе. Овој пат корите намерно не ги развлекував до совршени тенки проѕирни кори туку ги оставив малку подебели. Врз секоја развлечена кора попрскајте зејтин и фил и нежно со помош на чаршав замотајте кора. Пред да ја формирате како полжав завртете ја кората како да цедите алишта и направете полжав. Секоја кора ставете ја во подмачкано тавче и печете на 200степени половина час додека не добијат убава златна боја. Пред печење секоја кора премачкајте ја со јајце и малку млеко.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани