Вртени полнети кифлички
Квасецот се разматува со 1 чаша топла млеко се додаваат шеќерот и 2 лажици од брашното за да се добие каша и се остава да стасува.Стасаниот квасец се замесува со брашното,пецивото,јајцата,маслото за јадење,млекото,солта и остатокот од водата.Убаво се меси додека не се добие мазно тесто,кое се остава на топло да нарасне за една половина од волуменот.Развлекуваме кора која ќе ја исечеме на ленти дебели околу 2,5см.Во внатрешноста на лентите ставаме сирење и полека ја затвараме лентата. Секоја лента неколку пати ја завртуваме и на крај ги лепиме краевите.Вака формираните кифлички ги редиме во тава за печење,премачкуваме со жолчка и посолуваме сусам.Печеме во предходно загреана рерна на 220степени,потоа намалуваме на 200степени.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани